КУГЛАНА ГТЦ!

Куглана Мусандра ГТЦ

Кугланата Мусандра се наоѓа во сутеренот на Градскиот Трговски Центар. Пуштена е во употреба во октомври 1974, неполна година по официјалното отворање на Трговскиот Центар. Направена е комплетно од тогашниот реномиран бренд Schmid. 

Како еден од најубавите кугларски објекти во тогашна СФРЈ, кугланата ја има честа да биде домаќин на поединечното првенство на Југославија веќе следниот месец по отворањето. На настанот земаат учество најдобрите куглари од републиката меѓу кои и легендарниот Никола Драгаш. Драгаш е легенда во кугларскиот спорт и познат како светски шампион три години последователно – `72, 73, и `74.

На Мусандра истовремено започнува натпреварување во градски рамки. Градската лига во 1978 година ќе прерасне во македонска кугларска лига која ќе се одржува по системот 6×200 кугли.

Во 1998 година, Мусандра е реновирана од корен и таа станува FUNK куглана по сите најнови и модерни светски стандарди. Следната година на неа се одржува светскиот поединечен куп, а во 2000-та и Европапокалот, кое е едно од најважните екипни натпреварувања во куглањето. Екипата на Вардар се пласираше во силниот фајнал-фор на турнирот.

Во 2020 Мусандра е повторно реновирана. Опремата е повторно FUNK, но подновена и подобрена, подготвена за уште повеќе натпревари и успеси, како домашни, така и меѓународни. 

Низ годините на неа продефилирале безброј светски познати куглари. Речиси и да нема име кое е значајно во кугларскиот спорт, а да не одиграло барем еден натпревар во сутеренот на ГТЦ.  

Кугланата Мусандра располага со 8 патеки по сите светски стандарди за куглање во категоријата класик. Има капацитет од преку 300 гледачи. 

Во склоп на објектот се наоѓаат модерни кабини за тимовите со соодветни туш кабини. Сала за состаноци, кафе-бар, а спортскиот дел и кафе-барот се одделени со стаклен параван.

Кугланата Мусандра располага со 8 патеки по сите светски стандарди за куглање во категоријата класик. Има капацитет од преку 300 гледачи. 

Во склоп на објектот се наоѓаат модерни кабини за тимовите со соодветни туш кабини. Сала за состаноци, кафе-бар, а спортскиот дел и кафе-барот се одделени со стаклен параван.

Благодарност до Ристо Петров и Виктор Николовски