Razmrdaj go GTC vol.2

Галерија

Razmrdaj go GTC.2-slajder

Почитувани,
Со особена чест сакаме да Ви го најавиме второто издание на проектот чија цел е заживување на еден од омилените објекти на скопјани. Имено, на 27ми, 28ми, 29ти и 30ти Декември ќе се одржи вториот по ред хепенинг под наслов “Размрдај го ГТЦ”, на кој ќе настапат некои од нашите најголеми музички уметници, како и млади бендови и dj-и. Посебен дел во секој од овие денови ќе биде посветен и на најмладите, за кои подготвивме специјална детска програма, со задолжителните дедомразовци, youtube-ри и многу други изненадувања. Минатата година заврши периодот од 10 години во кои речиси и ништо да не се случуваше во Градскиот Трговски Центар. Новогодинешните празници и еуфоријата која со себе ја носи овој период од годината, ја користиме за шопинг и креирање на новиот дух на ГТЦ.
Настанот ќе се одржи на посебно креирана сцена, која ќе биде поставена во срцето на ГТЦ (во средина), а истиот и овој пат ќе биде од хуман карактер. Имено, секој посетител ќе може да донира средства, кои фондацијата “Златна Рипка” ќе ги донира за децата заболени од карцином.

Распоред на програмата:

27.12. (четврток)
– Dj Maci stojanovic (11.30-13.30ч)
– BendOver (Kuma & Crni) (13.30-15ч)
– Dj Wish.Ko (15-17ч)

28.12.(петок)
– Dj Irie Scratch & Dj Nasty (11.30-14ч)
– Златно Славејче (14-14.30ч)
– Youtube Show (Иван Ајнштајн & Bobi Beatbox) (14.30-15ч)
– Мартин (Antenna5) (15-17ч)

29.12 (сабота)
– Драган Б. Костиќ (11.30-13ч)
– Thea and the Band (13-13.45ч)
– Youtube Show (GP & StefOnator) (14-15ч)
– Sarah Mace (15-16ч)
– Вера Јанковиќ (16-17ч)

30.12 (недела)
– Dj Cena (11.30-13.30ч)
– Macedonian All-Star singers (13.30-15ч)
– Dj Branchez (15-17ч)

Галерија

Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked*