ПРОДАВНИЦИ ГТЦ!

Олпео е продавница специјализирана за корејска козметика отворена во февруари 2019 година и е единствена од ваков тип во нашата земја. Лоцирана е во Градскиот трговски центар во Скопје, на првиот кат. Главен иницијатор и основач на брендот „Олпео“ е уметницата Маја Кировска, која заедно со нејзината бизнис партнерка Санјонг Ли од Јужна Кореја, на овдешниот пазар уште на почетокот на 2019 година го воведoa новитетот на К-beauty продавница. Преку оваа продавница тие имаат за цел, преку едно несекојдневно шопинг искуство, да понудат кураторски избор на внимателно одбрани корејски козметички производи и брендови и на домашните потрошувачи да им овозможат да практикуваат еден нов пристап во негата на лицето кој доаѓа од Јужна Кореја и во светот добива сѐ поголема популарност, каде е карактеристична рутината за нега во повеќе чекори (6 и повеќе чекори).

Olpeo

Телефон

02/ 3176 743

Е-пошта

info@olpeo.mk

Работно време

09:00 – 21:00

Локација

Кат 1, секција 5

Сподели со пријателите

Olpeo