За ГТЦ А.Д. СКОПЈЕ

Градски Трговски Центар Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп – Скопје е Друштво основано со Одлука на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен  и деловен простор на Република Македонија број 02-111/2 од 16.04.1996 година. Друштвото е регистрирано на 16.04.1996 година и е запишано во трговскиот регистар.

Со Одлуката на Собранието на Друштвото за усвојување на Статутот број 02-2864/1 од 24.07.2001 година и Одлуката на Друштвото за усогласување согласно Законот за трговските друштва број 02-2864/2 од 24.07.2001 година, како и со Одлуката за измена на Статутотброј 03-6113/2 од 15.12.2004 година е извршено усогласување на ГТЦ А.Д. – Скопје со Законот за трговски друштва.

Согласно Законот за трансформација на Јавното претпријатиеза стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, пакетот акции за управување од 97,58% се пренесени на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост.

Оттука, доминантен акционер со учество од 97,58% во вкупната акционерска главнина е Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, односно ГТЦ А.Д. – Скопје е со доминантен државен капитал.

Друштвото се финансира од сопствени приходи, преку склучени договори со сопствениците на деловен простор за уредување на односите за користење и одржување на заеднички делови функции на Градски Трговски Центар, како и преку издавање на деловен простор под закуп. Друштвото не добива буџетски средства.

Седиштето на ГТЦ А.Д. – Скопје е на Кеј 13-ти Ноември кула 2/4, Скопје – Центар. Друштвото функционира во централното градско подрачје во град Скопје, во строгиот центар, и истото е лидер во тој дел од градот, како по големината на деловниот простор со кој располага, така и по фрекфенцијата на потрошувачи кои секојдневно се присутни во објектот Градски Трговски Центар.

Основна дејност на Друштвото е стопанисување со деловен простор во еден системски и функционално поврзан деловен објект во центарот на градот.

Органи за управување и раководење со ГТЦ А.Д. – Скопје се Собранието на Друштвото, Одборот на директори и Извршниот директор.

За Акционерското друштво

Менаџмент
на друштвото

Ѓоко Трајчевски

Дипл.Инг. и Мр. по правни науки
- Извршен член на Одборот на директори и Извршен директор на ГТЦ А.Д. - Скопје

Трајанка Тасевска

Дипл. Професор по физичка култура
- Неизвршен член и Претедател на Одборот на директори

Бранко Цветановски

Мр. по економски науки
- Неизвршен член на Одборот на директори

Стојан Станиславски

Дипл. Социјална работа и политика
- Неизвршен член на Одборот на директори

Посредување со
информации од
јавен карактер

Службени лица за посредување со информации од јавен карактер

Телефон: 02/3120 395

Заштитено
внатрешно
пријавување

Лице овластено за заштитено внатрешно пријавување

Предраг Николиќ

  • Пом. директор на Сектор за обезбедување на имот и лица, заштита од пожари и хигиена
  • Контакт телефон: 02/3133-164
  • E-mail: zashtitenovnatreshnoprijavuvanje@gtcskopje.com.mk
  • Поштенска адреса за прием на пријави: Кеј 13-ти Ноември, кула 2/4