За ГТЦ А.Д. СКОПЈЕ
Градски Трговски Центар Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп – Скопје е Друштво основано со Одлука на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија број 02-111/2 од 16.04.1996 година. Друштвото е регистрирано на 16.04.1996 година и е запишано во трговскиот регистар.
Со Одлуката на Собранието на Друштвото за усвојување на Статутот број 02-2864/1 од 24.07.2001 година и Одлуката на Друштвото за усогласување согласно Законот за трговските друштва број 02-2864/2 од 24.07.2001 година, како и со Одлуката за измена на Статутотброј 03-6113/2 од 15.12.2004 година е извршено усогласување на ГТЦ А.Д. – Скопје со Законот за трговски друштва.
Согласно Законот за трансформација на Јавното претпријатиеза стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, пакетот акции за управување од 97,58% се пренесени на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост.
Оттука, доминантен акционер со учество од 97,58% во вкупната акционерска главнина е Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, односно ГТЦ А.Д. – Скопје е со доминантен државен капитал.
Друштвото се финансира од сопствени приходи, преку склучени договори со сопствениците на деловен простор за уредување на односите за користење и одржување на заеднички делови функции на Градски Трговски Центар, како и преку издавање на деловен простор под закуп. Друштвото не добива буџетски средства.
Седиштето на ГТЦ А.Д. – Скопје е на Кеј 13-ти Ноември кула 2/4, Скопје – Центар. Друштвото функционира во централното градско подрачје во град Скопје, во строгиот центар, и истото е лидер во тој дел од градот, како по големината на деловниот простор со кој располага, така и по фрекфенцијата на потрошувачи кои секојдневно се присутни во објектот Градски Трговски Центар.
Основна дејност на Друштвото е стопанисување со деловен простор во еден системски и функционално поврзан деловен објект во центарот на градот.
Органи за управување и раководење со ГТЦ А.Д. – Скопје се Собранието на Друштвото, Одборот на директори и Извршниот директор.
За Акционерското друштво
Менаџмент
на друштвото
Ѓоко Трајчевски
Дипл.Инг. и Мр. по правни науки
- Извршен член на Одборот на директори и Извршен директор на ГТЦ А.Д. - Скопје
Трајанка Тасевска
Дипл. Професор по физичка култура
- Неизвршен член и Претедател на Одборот на директори
Бранко Цветановски
Мр. по економски науки
- Неизвршен член на Одборот на директори
Стојан Станиславски
Дипл. Социјална работа и политика
- Неизвршен член на Одборот на директори
Организациска
структура на
ГТЦ А.Д.Скопје
Посредување со
информации од
јавен карактер
Службени лица за посредување со информации од јавен карактер
- Јелизабета Софеска – Координатор ( contact@gtcskopje.com.mk )
- Огнен Петровски ( contact@gtcskopje.com.mk )
- Васе Мицевски ( contact@gtcskopje.com.mk )
- Тања Аргировска ( contact@gtcskopje.com.mk )
- Владимир Ацковски ( contact@gtcskopje.com.mk )
- Дејан Анчевски ( contact@gtcskopje.com.mk )
Телефон: 02/3120 395
Лице за заштита на лични податоци
- Милица Трпчевска ( contact@gtcskopje.com.mk )
Контакт телефон: 02/3120 418
Заштитено
внатрешно
пријавување
Лице овластено за заштитено внатрешно пријавување
Предраг Николиќ
- Пом. директор на Сектор за обезбедување на имот и лица, заштита од пожари и хигиена
- Контакт телефон: 02/3133-164
- E-mail: zashtitenovnatreshnoprijavuvanje@gtcskopje.com.mk
- Поштенска адреса за прием на пријави: Кеј 13-ти Ноември, кула 2/4