Конференциска Сала

Конференциската сала располага со простор од приближно 300 м², внимателно уреден за да одговори на потребите на современи деловни и културни настани. Со капацитет до 150 посетители, салата овозможува удобност, функционалност и професионална атмосфера, без разлика дали станува збор за формална конференција, работилница или јавен настан.

Интересно во моментот

Куглана Мусандра

Добредојдовте во нашата куглана – совршеното место за забава и незаборавни моменти!
Нудиме можност за закуп на термин за куглање и роденденски прослави.

Брендови во ГТЦ

Shopping Basket
mk_MK

Градски Трговски Центар А.Д. Скопје

Известување до јавноста
 
Почитувани,
Поради силното невреме што го зафати Скопје, во Градскиот трговски центар (ГТЦ) е предизвикана значителна материјална штета, а во повеќе делови од објектот е навлезена поголема количина вода, како и отпад и нечистотии донесени од надвор.
Екипите на ГТЦ веднаш по невремето излегоа на терен и интензивно работат на расчистување на просторот, отстранување на последиците и санација на штетите, со цел објектот што побрзо да биде безбеден и целосно функционален за посетителите и закупците.
Им се извинуваме на сите граѓани за привремените непријатности и ви благодариме за разбирањето, трпението и соработката.
Безбедноста на посетителите и нормалното функционирање на ГТЦ остануваат наш врвен приоритет